Wednesday, June 13, 2018

Кулонов закон

Кулоновиот закон го одредува интензитетот на привлечната/одбивната сила која дејствува помеѓу два точкасти разноимени/истоимени полнежи. Од математичката формулација може да се забележи правопропорционалната зависност на интензитетот на силата со количеството електрицитет на секој од полнежите, и обратната пропорционалност со квадратот на растојанието помеѓу двете наелектризирања.
Интересно е, и треба да се нагласи дека ваквиот аналитички облик на Кулоновиот закон важи кога наелектризирањата мируваат.
Доколку постои било какво релативно движење на полнежите, во пресметките мора да се вклучат и Лоренцовите трансформации, бидејќи во тој случај покрај електричната ќе се јави и магнетна компонента на силата која аналитички ја изразуваме како релативистичка корекција на силата која дејствува помеѓу полнежите кога тие се во мирување.
Електричните компоненти на силата имаат многу поголем интензитет од магнетните компоненти.






Image result for coulomb's law

No comments:

Post a Comment