Фотоволтаичните системи се користат за производство на електрична енергија со употреба на фотоволтаични модули.
Начинот на работа на ваквите системи е интересен, а се базира на примена на фотоелектричниот ефект презентиран во научен труд од страна на Алберт Ајнштајн.
Течењето на струјата овде настанува како краен ефект од тоа што енергијата на светлината ги возбудува електроните во состав на атомите. Всушност во оваа фаза започнува целиот процес и треба да се напомене дека е битна фреквенцијата на фотоните. Кога возбудените електрони ќе надминат некој праг на количество енергија (кога веќе апсорбирале енергија од фотоните), тие се откинуваат од атомите, а потоа како веќе слободни електрони, со примена на електрични полиња, се насочуваат за да се добие насочено движење на електрони (електрична струја).
Подетален опис на процесот на создавање на електрична струја со примена на фотоволтаични ќелии ќе биде даден во некое наредно излагање на овој блог.
Во овој краток вовед останува уште да се објасни примената на инвертерот кој е дел од шемата за поврзување. Во врска со тоа, треба да се нагласи дека електричната струја добиена со избивањето на електроните е еднонасочна, а повеќето електрични уреди кои секојдневно се користат работат на наизменична струја. Инвертерот е уред кој ја трансформира еднонасочната струја во наизменична.
No comments:
Post a Comment