Електричен генератор е уред кој врши претворање на некој вид на енергија, како на пример, кинетичка во електрична. Така, се користи енергијата на ветерот на пример, за вртење на турбините кај ветерогенераторските системи, енергијата на пареата под притисок, енергијата на протокот на водата (кај хидроцентралите), енергијата на фотоните (кај соларните панели) итн.
Првиот електричен генератор е наречен Фарадеево тркало кое денес нема некоја практична примена, но сепак со тој генератор се поставени основите на денешното производство на електрична енергија.
Во дел од наредните содржини на овој блог подетално ќе бидат разгледани некои од начините на современото добивање на електрична енергија.

No comments:
Post a Comment